Расмусен: Албанија и сите балкански земји треба да гледаат во иднината, а не во минатото

Од:

Новиот албански премиер Еди Рама, кој се наоѓа во посета на Брисел,  оствари средба со Генералниот секретар на НАТО Андерс Расмусен, јави дописникот на МИА од Тирана.

На заедничката прес-конференција, првиот човек на Алијансата порача дека е време Албанија, како и сите други балкански земји да гледаат во правец на индината  а не во минатото.

Исто така, како што пренесуваат албанските медиуми, генералниот секретар на НАТО, дал висока оценка за придонесот на Албанија во областа на безбедноста.

Од своја страна Рама нагласил дека Албанија и понатаму ќе биде членка на НАТО која ќе дава придонес и ќе ги исполнува своите обврски.

-Албанија ќе продолжи да биде член на оваа организација. Ни беше потребно долго време да станеме дел од НАТО. Ги имаме преземено сите одговорности за да ја извршиме оваа задача, ќе сториме се за да ја задржиме високата репутација на оваа организација, изјави Рама.

Албанскиот премиер Рама ќе има средба и со претседателот на Еврокомисијата Жозе Мануел  Баросо, комесарот за проширување Штефан Филе и шефот на европската дипломатија, Кетрин Ештон.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски