Приведени седуммина криумчари од Пакистан, пронајдени 70 мигранти

Од:

Полицијата уапси седум криумчари од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење на мигранти“.

„На 26.10.2023 околу 17 часот било пријавено дека на 1,5 км јужно од Негорци, во близина на Серменинска река, се наоѓа поголема група мигранти од Сирија, која е во движење, предводена под присила од страна на неколку мигранти од Пакистан. Од страна на РЦ за ГР ЈУГ и СВР Струмица веднаш биле испратени полициски службеници на посочената локација, во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции. По детално пребарување на теренот, откриени се вкупно 77 мигранти (Сирија–52, Пакистан-13, Турција-5, Ирак-5 и Индија-2), а меѓу нив и седумте мигранти од Пакистан, кои биле посочени како водичи на групата“, извести МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител од Скопје, а денеска против седумте мигранти од Пакистан е поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите