МВР извести дека вчера во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници е уапсен 16-годишник од Скопје.
Според пријавеното, малолетникот околу 15.30 часот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот полицијата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, , а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.