Фирма за канцелариски прибор ќе ги одмастува котлите во РЕК Битола за 4.2 милиони евра тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кога оваа власт даде тендер за надзор над изградба на автопатишта на фирма за долна облека мислевме дека тоа е крај на небулозите, но за жал сме биле во заблуда, СДС и ДУИ можат уште подолу – Фирма за канцелариски материјал ќе набавува средства за одмастувавње на котлите за согорување на јаглен во РЕК Битола вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Власта преку ЕСМ, поддружница РЕК Битола набавува адитиви кои треба да го намалат замастувањето во котлите од фирма регистрирана за трговија на мало со весници и канцелариски прибор, преку тендер вреден 4.2 милиони евра. Оваа фирма за канцелариски материјали која оваа година го добила тендерот од 4.2 милиони евра од РЕК Битола, лани имала вкупен обрт помал од 350.000 евра, за сега само една година подоцна да успее да земе државен тендер кој за 12 пати го надминува нејзиниот лански приход. Од јавноста можевме да видиме дека оваа фирма е регистрирана во 2017 година со основачки влог од 5000 евра, и нема никаква допирна точка со енергетика и со адитиви за одмастување, кои се специфична материја и со која работат фирми со долгогодишно искуство во областа, рече Митева.

Спред неа крајно сомнителен бил и фактот што оваа фирма била единствена пријавена на огласот на РЕК Битола вреден 4.2 милиони евра, иако во Македонија и во регионот има фирми кои или со години се занимаваат со оваа дејност или и сами произведуваат такви адитиви, но за разлика од тоа, фирмата добитник на тендерот на РЕК Битола се јавила само како обичен увозник на адитивот од фирма од Италија.

– Се поставува прашањето, зошто РЕК Битола дозволила да дојде во ситуација на тендер од 4.2 милиони евра да има само еден понудувач, и зошто истата не се потрудила за оваа набавка да распише или меѓународен тендер или да анимира што поголем број на фирми производители како би се намалила цената на набавката? Или потребно било да нема негативно наддавање за некој да профитира на штета на буџетот прашува портпаролката на опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање