ВИДЕО: Проектил погоди болница во Египет, шестмина се повредени

Од:

Шест лица се повредени во египетскиот туристички град Таба, кој се наоѓа во близина на границата со Израел, откако рано утринава проектил погодил тамошна здравствена установа, јави египетската телевизија Ал Кахера.

Според Ал Кахера, проектилот што ја погодил Таба е поврзан со борбите во Појасот Газа, кој се наоѓа на околу 220 километри, каде што израелските сили се подготвуваат за копнена инвазија, но не е познато која од завојуваните страни ја истрелала.

Сведок рече дека ја слушнал експлозијата и видел како се крева чад и прашина. Израелската армија соопшти дека знае за безбедносен инцидент во египетско одморалиште на Црвеното Море во близина на границата.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави