Полицијата уште трага по идентитетот на лицето кое пукаше во Штекли и неговиот 23 годишен пријател

Од:

Министерството за внатрешни работи уште трага по идентитетот на напаѓачот кој вчера со пиштол пукаше кон Раде Трајковски Штекли и неговиот 23 годишен пријател, кои излегуваа од теретаната во трговскиот центар Ист Гејт, велат од таму за А1он.

„На 24.10.2023 околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ “Св. Наум Охридски“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот“, велат од МВР.

И додека полицијата ги проверува сите наводи поврзани со напаѓачот во бел блузон, црна капа и црни панталони, Штекли и Д.Т. со прострелни рани се задржани на лекување, едниот на КАРИЛ, а другиот во болницата „Св. Наум Охридски“. Според информациите на А1он и двајцата засега се во стабилна состојба, иако повредите се сериозни.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он