Русија против американската резолуција за Израел и Газа во ОН

Од:

Русија нема да го поддржи американскиот предлог за резолуција за ситуацијата во Израел и појасот Газа, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

Тој на седницата на Советот за безбедност посочи дека Русија е длабоко убедена дека главниот сигнал што сега го чека целиот свет од тоа тело е барањето за итен и безусловен прекин на огнот и дека тоа е „токму она што го нема во американскиот нацрт“.

„Затоа, не ја гледаме поентата во тоа и не можеме да го поддржиме тој предлог. Очекуваме дека и мнозинството од нашите колеги во Советот за безбедност ќе го сторат истото“, рече Небензја, пренесе РИА Новости.

Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на состанокот на Советот за безбедност повика на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и истакна дека „страшните напади“ на палестинската милитантна група Хамас врз Израел не можат да го оправдаат „колективното казнување на палестинскиот народ“. .

Откако минатата недела ставија вето на резолуцијата за хуманитарна помош за Газа, САД подготвија нацрт-резолуција за ситуацијата на Блискиот Исток, во која, според американските медиуми, не се повикува на прекин на огнот и се наведува дека Израел има право да се брани.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации