Пукање во Ист Гејт

Од:

Истрели од огнено оружје повторно се слушале во трговскиот центар Ист Гејт, потврдуваат за А1он од Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека во моментов, полицијата проверува за што точно станува збор, а повеќе информации ќе имаат во текот на денот.

Ова не е првпат да се случи пукање во овој трговски центар. На 25 август годинава, во подземните гаражи во Ист Гејт имаше филмско пукање кон триесет и деветгодишниот Р.Т. од Скопје, но тој не беше погоден од куршумите.

Тогаш маскираните лица кои пукаа од возило ауди со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

Немало дојава за бомба, противожарен аларм го испразни „Ист гејт мол“

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Напаѓач отвори оган на плоштад во Ница – две лица се убиени

А1он

Драма во Бразил: Пукање во училиште, има мртви и ранети

Горан Наумовски