Италија воведе гранични контроли со Словенија и Австрија

Од:

Денеска Италија воведе контроли на границата со Австрија и Словенија, а на граничните премини запира приближно секое десетто до петнаесетто возило, а на некои места контролите се уште не се воспоставени. Кај Фернетич на словенечката страна на границата е формирана помала колона, пишува словенечки Приморски дневник.

Таму италијанската полиција по случаен избор запира претежно возила со затемнети стакла, комбиња и возила кои можат да сокријат луѓе или предмети, пренесе АНСА.

Италија воведува контроли поради променетата безбедносна ситуација во Европа и Блискиот Исток, а суштината на оваа привремена мерка е спречување на тероризмот и организираниот криминал.

За надгледување на границата со Словенија ангажирани се дополнителни 350 полицајци и војници кои ќе им помагаат на тамошните безбедносни сили. Контролата ќе се одвива 24 часа на поголемите гранични премини, а на помалите ќе биде спорадична.

Контролата ќе трае до 30 октомври, а за 2 ноември Италија планира средба со претставници на словенечките и хрватските власти во Трст, на која ќе разговараат за граничните контроли, јави австриската агенција АПА.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Митева: По извршени контроли решенија за привремена забрана за 10 правни субјекти, кафулиња и клубови

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години