Минатогодишниот финалист на Вимблдон има нула бодови, а следен кој би можел да оди по неговите стапки е Рафаел Надал.
Кирјос оваа сезона во Штутгарт одигра само еден натпревар во првото коло и сето тоа поради повреда на коленото.
Годината ја започна на 22-то место (рекордот во кариерата е 16-та позиција на АТП-листата), но набрзо се повлече од Австралија Опен и беше опериран.
Првите прогнози беа дека ќе биде надвор од терените само осум недели, но тоа не беше случај.
Најголем пад доживеа откако не успеа да ја одбрани титулата во Вашингтон и четвртфиналето на УС Опен, по што стигна до 469 место. Му останаа само 90 поени, а по азиската турнеја и тоа „испари“.
Кирjос најави дека ќе се врати следната година и ќе го искористи „заштитениот пласман“ за учество на турнири.
Слична е ситуацијата и кога е Рафаел Надал во прашање. Моментално 243 тенисер во светот има само 255 бодови и повеќето ќе ги загуби по Завршниот турнир во Торино. Поточно рунда од 200, а пред тоа уште 10 во Париз, каде дури во 2022 година стигна до вториот круг.
Тоа значи дека Шпанецот следната сезона ќе ја започне со само 45 бода (заработени во првото коло на Австралија Опен).
Останува да се види дали ќе се опорави на време за Мелбурн, а доколку не го направи ќе ја доживее истата судбина како Кирјос.