Mногу училишта и аеродроми беа евакуирани поради закани за бомби и денеска јавуваат француските медиуми.
Аеродромите во Монпеље, Нант, Бордо и Лил беа евакуирани во текот на утрото, но како што сега јавуваат француските медиуми, постепеното отворање е во тек.
⚠️🚨 Alerte à la bombe à l’aéroport de #Montpellier @MPLaeroport
🔹évacuation et mise en sécurité des personnes
🔹forces de l’ordre présentes sur site pour établir un périmètre de sécurité
🔹démineurs déclenchés pour une levée de doutes. pic.twitter.com/8A8I5THORm— Préfet de l'Hérault 🇫🇷 (@Prefet34) October 19, 2023
Франција веќе е во состојба на готовност откако 20-годишник со нож усмрти наставник на 13 октомври.
И Версајскиот дворец, една од главните туристички дестинации во Франција, беше привремено затворена на почетокот на неделата од безбедносни причини, по втор пат за четири дена.
Во саботата, ден по убиството на наставникот, парискиот музеј Лувр, Версај и железничката станица во Лион беа евакуирани поради лажна закана за бомба.