Израелската телевизија Кешет 12 вести објави снимка на која тврди дека се гледало како најмалку една ракета истрелана на Палестинците во Газа погодила болница на територијата.
На видеата, како што се наведува, „се гледа дека од Газа биле испукани неколку ракети кон Израел“. По неколку моменти може да се забележи експлозија во Газа. Местото каде што се случила експлозијата е некаде на средината на патеката на ракетата.
„Ова е доказ кој ги потврдува израелските тврдења дека ракетите истрелани од Газа експлодирале во близина на болницата, а не оние од Израел“, рече ТВ водителката.
Undeniable Evidence 1/2: @N12News (Israeli news) cameras recorded the failed Islamic Jihad rocket hitting the Gaza hospital Parking lot, causing the explosion that Israel was blamed for by the terrorist organization #Hamas. Video #1 in English by news anchor @LeviYonit. pic.twitter.com/ASJFkiDRtL
— Niv Calderon (@nivcalderon) October 18, 2023
– Ова е камерата на каналот 12. Тоа е камера лоцирана во градот Нетивот и ова е нејзиниот поглед кон Газа. Се гледаат ракетите… испукани над болницата… и се гледа експлозијата. Ова е доказ дека дошла од Газа – додаде таа. Израелската армија претходно потврди дека „по внимателна проверка на системот за надзор“ не станувало збор за израелски оган, туку за ракети на Исламски џихад кои погодиле болница во Газа во вторникот вечерта, при што загинаа стотици луѓе. Палестинците го обвинуваат Израел за овој напад. – Сега имаме доволно информации, ни требаше малку време, но мораме да ја кажеме вистината, болницата не беше погодена од израелски удари – изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската армија.