На последниот натпревар од 4.коло од Премиер лигата фудбалерите на Ливерпул останаа непоразени откако синоќа на гостувањето кај Свонси одиграа нерешено 2:2.
Во натпревар со пресврти и двете екипи имаа по едно водство. По лошата интервенција на одбраната на Ливерпул, нивниот поранешен играч Џонџо Шелви во 2. минута го отвори резултатот и му донесе водство на Свонси. Но, истиот играч во 4. минута погреши ја врати топката кон својот голман, Даниел Стариџ го пресече додавањето и изедначи на 1:1.
Во 36. минута Шелви повторно греши, а новото засилување на „црвените“ Виктор Мозес пресече на половина од теренот и по соло продорот со прецизен удар надвор од 16-тникот донсе водство за Ливерпул од 2:1. Шелви повторно беше во главна улога и при израмнувањето на домаќините откако одлично му асистираше на Мичу во 64.минута за конечните 2:2.
По 4-то коло двете екипи од Ливерпул се единствените непоразени во досегашниот тек од Премиер лигата. Ливерпул е лидер со три победи и едно реми, додека Евертон е на 9. место со една победа и три нерешени средби.
Табела: Ливерпул 10 бодови, Арсенал 9, Тотенхем 9, Манчестер Сити 7, Манчестер Јунајтед 7, Челзи, Стоук 7, Њукасл 7,.