Иванов на 5. Регионален претседателски Самит во Драч

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Драч, Албанија, ќе се обрати на 5. Регионален претседателски самит на тема „Пристапи кон практична употреба на можностите за поефикасна регионална соработка“.

На годинашниот Самит, чиј домаќин е претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, покрај претседателот Иванов, ќе учествува претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ и претседателот на Република Косово, Атифете Јахјага.

Шефот на македонската држава на маргините на самитот предвидено е да оствари повеќе билатерални средби.

Претседателски самити од овој формат досега се одржани во Валона, Призрен, Охрид и Будва.

За време на престојот во Албанија, претседателот Иванов ќе ја посети Тирана, каде ќе оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама и со претставници на Македонското национално малцинство.

Би можело да ве интересира

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on