Бритни Спирс откри дека го абортирала детето на Џастин Тимберлејк: „Тој не сакаше да биде татко“

Од:

Бритни Спирс крена голема „прашина“ со најавените мемоари, во кои откри дека абортирала дете за време на врската со поранешното момче, поп ѕвездата Џастин Тимберлејк, пишува магазинот People.

“Многу го сакав. Очекував дека еден ден ќе основаме семејство, но Џастин не беше среќен поради мојата бременост. Тој рече дека не сме подготвени за дете, дека сме премногу млади”, напиша пејачката и додаде:

„Сигурен сум дека луѓето ќе ме мразат поради ова. Не знам дали тоа беше вистинската одлука. Да беше до мене, никогаш немаше да го сторам тоа. Но Џастин беше сигурен дека не сака да биде татко“, додаде таа.

Џастин и Бритни беа во врска три години, а околу нивната врска владееше вистинска еуфорија, се додека не раскинаа во 2002 година. Спирс тврдеше дека Џастин и бил првото момче, со кое ја изгубила невиноста.

Инаку, Бритни на 24 октомври ќе ги објави своите мемоари „The Woman in Me“.

Би можело да ве интересира

Бритни Спирс го обнови контактот со синот, не се виделе со години

А1он

Ќе се снима филм според мемоарите на Бритни Спирс

(ВИДЕО) Бритни Спирс: Ограбена сум

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс ги демантираше информациите дека снима албум

Не може да се справи со новонастанатата ситуација: Добива остри критики по мемоарите на Бритни Спирс

Предраг Петровиќ

Бритни Спирс се огласи за разводот: Не можев повеќе да ја поднесам болката

Предраг Петровиќ