ВИДЕО: Снимка од пукањето во Брисел: „Алах акбар“

Од:

Две лица се убиени во Брисел синоќа, а според белгиските медиуми се појави и снимка од пукањето.

Белгискиот HLN јавува дека, според сведоштвата, напаѓачот извикал „Алах акбар“.

Весникот Судинфо наведува дека еден од напаѓачите во престрелката во Брисел извикал „Алах акбар“ и од скутер пукал со оружје слично на калашников. Носел кацига и флуоресцентен елек. Двете жртви носеле дресови со шведски бои, веројатно во врска со фудбалскиот натпревар на „црвените ѓаволи“ во Брисел синоќа против Шведска.

Во престрелката загинаа две лица, а напаѓачот е во бегство. Медиумите јавуваат дека на социјалните мрежи кружи и видео на кое маж, за кој се претпоставува дека е напаѓачот, на арапски вели дека сака да се одмазди за смртта на муслиманите и затоа застрелал тројца Швеѓани.

Во него, како што пишува порталот „Судинфо“, напаѓачот вели дека е припадник на ИД (Исламска држава) и се фали дека убивал неверници.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј