Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

Од:

Жител на Гевгелија во дворот од неговата семејна куќа, засадил семки од растението канабис, редовно ги наводнувал и кога растенијата доаѓале во фаза на цветање ги собирал цветните завршетоци и ги сушел.

Полицијата го открила и извршен е претрес во неговиот дом.

При претрес во домот и помошните простории на осомничениот полицијата пронашла 29 стебла канабис со висина од 15см до 120см со оформени цветни завршетоци. Во неговата соба бил пронајден алуминиумски омот со 0,26 грама наркотична дрога марихуана, рачно изработена цигара со 0,77 грама марихуана, семки од растението со вкупна нето маса од 3,80 грама, како и остатоци од кокаин, хероин и МДМА, пронајдени на различни предмети.

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка  за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор.

Основното јавно обвинителство Кочани, пак, предложи притвор за 41-годишен жител на Делчево, кај кого на 13 октомври беа пронајдени повеќе пакувања наркотична дрога – кокаин со вкупна нето маса од 29,15 грама.

Осомничениот бил сопрен за контрола и преглед додека управувал автомобил, при што со возилото се дал во бегство и се обидел да се ослободи од дел од дрогата, фрлајќи неколку пакувања низ отворениот прозорец. Меѓутоа бил запрен и лишен од слобода, а против него исто така е поведена истрага за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски