Милошоски го спасија измените на кривичниот законик: Нема да одговара за злоупотреба на службена положба во „Моќник“

Од:

Кај десет од обвинетите во предметот „Моќник“ во кој обвинети се и пратеникот Антонио Милошоски и неговиот татко, Јавниот обвинител изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување и побара примена на поблагиот закон.

Милошкоски нема да одговара за Злоупотреба на службената положба, но тој, неговиот татко и уште едно лице ќе одговараат за кривичното дело Измама, а судењето ќе продолжи во ноември.

За другите обвинети постапката се запира поради застареност.

„Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната расправа надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон.

Судот, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител и согласно одредбите од КЗ донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите – М.М., М.В. и А.М. судењето за кривичното дело Измама од чл. 247 ст.4 вв ст.1 вв со чл. 22 од КЗ продолжува на следната расправа насрочена за 09.11 и 28.11 2023 година во 10:00 часот“, информираа од Обвинителството.

Милошоски во овој случај се товареше за делата измама и злоупотреба на службената положба и овластувања. Обвинети се и неговиот татко и ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески. Тие се прво и второобвинет за делото измама. На обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба и овластувања седат и претседателот на некогашната Лустрациска комисија, Томе Аџиев и осум нејзини члена. Една од членките на оваа комисија, која беше обвинета, во меѓувреме почина.

Предметот се однесува на продажба на имот (зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри) во село Ижишта, кој бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница. Имотот бил продаден на таткото на пратеникот. Штетата што е направена на Општина Македонски Брод и на државниот буџет, според обвинителството, е околу 50 000 евра.

Според обвинителството, пратеникот Милошоски, искористувајќи ја својата позиција, вршел континуиран притисок врз државните органи, Државното правобранителството и судовите, за да не ја поништат продажбата на имотот.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра