ОН го осудија колективното казнување на Газа: живеат под брутална блокада веќе 16 години

Од:

Група независни експерти на Обединетите нации го осудија насилството врз цивилите во Израел и дека одмаздата против Газа се претвори во „колективна казна“. Осудувајќи ги „ужасните злосторства извршени од Хамас“, групата рече дека Израел прибегнал кон „недискриминирачки воени напади против веќе исцрпениот палестински народ во Газа“.

„Тие живеат под нелегална блокада веќе 16 години и веќе поминаа низ пет големи брутални војни, за кои никој не одговараше“, се вели во соопштението на групата, во која има неколку специјални известувачи на ОН. „Ова е еднакво на колективна казна. Нема оправдување за насилството кое е неселективно насочено кон невините цивили, без разлика дали тоа го прават Хамас или израелските сили. Тоа е апсолутно забрането според меѓународното право и претставува воено злосторство“.

Групата рече дека земање заложници во контекст на непријателства, исто така, претставува воено злосторство. „Цивилите земени од Хамас мора веднаш да бидат ослободени“, велат експертите. Бројот на загинати во Израел од саботата се искачи на повеќе од 1.300. Повеќето беа цивили застрелани од Хамас во нивните домови, на улиците или на забава.

Десетици израелски и странски заложници беа однесени во Газа. Израел соопшти дека нема да има хуманитарен крај на опсадата на Појасот Газа додека не се ослободат сите заложници.

Би можело да ве интересира

Македонија воздржана за Резолуцијата за повлекување на Израел од Газа и Западен брег

Катерина Ѓуровски

ОН: Нуклеарната реторика не придонесува за завршување на војната во Украина

Горан Наумовски

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

Во Бања Лука беше исвиркана химната на БиХ, играчите на Борац го игнорираа знамето

Предраг Петровиќ

Како гласаа државите за Резолуцијата за Сребреница-Унгарија против, Грција и Кипар воздржани

Предраг Петровиќ