Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Од:

Адвокатот Миле Наумовски од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд со која бара утврдување на начелен став и правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Врховен и на веб-страницата објави соопштение:

„Доставена е Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов“., се вели кусо во објавата.

Судот има рок од шест месеци да расправа по однос на оваа иницијатива. доколку уставен како највисок суд донесе позитивен став по ова барање, тој би значел потврда на помилувањата што ги даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов. А доколку се случи тоа, помилуваните функционери, на кои уште им се суди, меѓу кои и на поранешниот премиер Никола Груевски, би се спасиле од кривичен прогон.

Инаку со пресудата од Врховниот суд со која се потврди пресудата во случајот „Транспортер“ се исцрпи и последната правна опција за жалби на дваесетмина обвинети, кои беа осудени дека ја злоупотребиле службената положба при организирање превоз на ученици во Општина Битола и го оштетиле буџетот. Во таа пресуда Врховен во еден дел нотира дека аболицијата не важи. А со тоа се исцрпија сите домашни судови и правни лекови во земјава и осудените сега можат да се жалат до Судот за човекови права во Стразбур.

Но Стразбур веќе една таква жалба врати велејќи дека „Апликацијата е недопуштена“.

Жалбата беше за предметот „Талески и други“ против Република Северна Македонија. Во неа, жалителите се повикуваа на аболицијата што ја даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов за 56 лица во 2016 година. Според одлуката, меѓународните судии воопшто не го разгледувале прашањето дали важат аболициите, туку пресекле дека апликантите прерано се жалеле, односно ги „прескокнале“ повисоките македонски судови.

Тоа значи дека постои можност повторно да се жалат, но не додека траат судењата и жалбените постапки пред македонските судови. А можноста за повторна жалба сега е отворена.

Инаку во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување.

Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов донесе одлука за аболиција на повеќе од 50 лица, политичари и нивни блиски соработници осомничени од СЈО, што доведе до масовни протести.
По реакциите во јавноста, во Собранието беа донесени измени на Законот за помилување, со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Иванов, потоа соопшти дека донел одлука да ги поништи одлуките за аболиција на 22 лица. По што судењата започнаа.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Горан Наумовски

Законот за данок за солидарност на дневен ред на Уставниот суд

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

Лога: Уставениот суд во два случаи ја наруши правната сигурност на уставниот поредок, ова е форма на „државен удар“

Етничката припадност е уставна категорија, ќе има нов закон наместо „балансерот“ реагира Таравари