• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Министерство за правда: Блупринг групата не треба да избрзува со предвремено излегување од Работната група

by А1он09/10/2023 - 14:58346
Share0

Министерството за правда смета дека Блупринг групата не треба да избрзува со предвремено излегување од Работната група за изготвување на новиот Кривичен законик, и информираат дека работната група е самостојна во своето работење и до сега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите.

Добивај вести на вибер

– Во однос на ставот на БЛУПРИНТ сметаме дека не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат, се вели во соопштението од МП.

Од МП, посочуваат дека процесот на изготвување на новиот КЗ е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство. Оваа обврска произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди.

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството, претходно соопшти дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен законик. Сметаат дека нивнот учество е беспредметно во постапка која, како што наведуваат, суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на политики.

Посочуваат дека овој нивни чекор е поврзан со нивната неодамнешна одлука за повлекување и од работната група за изработка на нацрт предлогот за Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка.

bluprint grupakrivicen zakonikministerstvo za pravda

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Горан Наумовски23/01/2026 - 12:38

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски23/01/2026 - 11:3723/01/2026 - 12:00

Експертите со поделени ставови за предлог-измените на Кривичниот законик

Предраг Петровиќ16/01/2026 - 16:34

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Катерина Ѓуровски13/01/2026 - 10:14

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39

Министерството за правда бара партиите и независните групи да номинираат претставници за работната група за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 12:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен