Македонските власти имаат контакт со 50-тина наши државјани, бројката на Македонци во Израел се зголемува

Од:

Се работи за наши граѓани кои се наоаѓаат во Израел. Дел од нив се транспортирани со авион преку Тел Авив до Тирана, еден дел излегоа од Витлеем кон Јордан, но имаме уште граѓани кои се таму вели Премиерот Димитар Ковачевски објаснувајќи за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел.

– На Амбасадата во Израел, сакам да им се заблагодарам, работат деноноќно. Имаа непроспиена ноќ и тие и и јас со оглед на големиот број на телефонски повици кои доаѓаат. Имаме дел од граѓаните кои се лоцирани, тоа се 50 државјани, имаме уште со кои не сме стапиле во контакт со нив и на тоа се работи. Сигурно бројката е поголема со оглед на тоа дека таму имаме студенти, градежни работници. Дел од нив може и не можат да ја добијат амбасадата, но кризниот штаб работи, мојот кабинет е вклучен, како и МНР и МВР. Се работи на тој дел на безбедно враќање во Македонија, рече Ковачевски.

Синоќа со посебен лет од Израел пристигнаа 40 албански, македонски и косовски државјани на аеродромот во Тирана.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Нема да гласаме за прекин на огнот со Либан сè додека Хезболах не прифати услови

Горан Наумовски

Кац: Израел продолжува со воените операции во јужен Либан и покрај прекинот на огнот

Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел и Либан договорија примирје

Трамп се надева дека примирјето меѓу Изрел и Хезболах ќе биде „засекогаш“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Паника и хаос во Бејрут, Иран се заканува поради израелските напади на Либан