Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, информираа денеска од Иницијативниот одбор што го организира протестот кај месноста „Ило Виларов“.
– Протестот ќе започне во десет часот, веќе пријавивме и во полиција. Очекуваме присуство на лозари, незадоволни од откупните цени на грозјето, соопштија од Иницијативниот одбор на револтираните лозаропроизводители.
Оттаму нагласија дека бараат соодветно субвенционирање на лозаропроизводството, да не се зголемуваат цените за надоместок за наводнување, државата да им ги надомести штетите од временски непогоди.