Не, ова не е 2004 г. Не сме непобедливи како тогаш. Мојот тим е поразличен, противниците исто така, конкуренцијата е посилна. Но, ние не сме клуб кој ќе се помири со губење бодови.
Не чека напорна работа, а мое е да ги унапредам сегашниве играчи колку што можам повеќе, изјави Жозе Мурињо, тренерот на Челзи, за англиските медиуми.
Тој додаде дека ќе биде многу тешко да се повторат резултатите од пред десетина години кога првпат седеше на тренерското место на „сините“ од Лондон.
Челзи во претходното коло загуби од Евертон со 1:0, и со вкупно седум од можни 12 бодови по четири круга во Премиер лигата се наоѓа на 6.место.
Следен предизвик за Челзи и Мурињо е натпреварот од 1.коло во новата сезона на Лигата на шампионите, в среда на домашен терен против Базел.