Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

Од:

Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Северна Македонија Лилјана Ковачева, преходно во изјава за МИА оцени дека кај цените на недвижностите во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.

– На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголеми побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат. Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените, изјави Ковачева.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Би можело да ве интересира

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

A1on

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани

Ќе паѓа цената на становите во Скопје, државата најави регулација

A1on