Кривична за полицаец од Арачиново – седум месеци исплаќал плата на колега кој не доаѓал на работа

Од:

Една година му се исплаќала плата на полицаец кој не доаѓал на работа. Си се офајдил за 229 илјади денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против А.А., вработен ПО Арачиново при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 ст.1 од КЗ на РСМ.

Пријавениот во својство на полициски службеник, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања, му овозможил на полицискиот службеник И.Џ. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 229.985 денари за исплатена бруто плата и 14.422 денари по основ на придонеси за бенифиции, на начин што во период од 03.11.2022 до 02.05.2023 година до надлежните служби при МВР доставувал лажни списи со евидентирани работни часови за исплата на плата без да приложи извештаи за привремена спреченост за работа за работникот И.Џ., кој не доаѓал на работа, со што му овозможил противправно да се стекне со горенаведениот паричен износ, а со истиот износ го оштетил буџетот на МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска постапка и привремено отстранување на работникот од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Би можело да ве интересира

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

ВИДЕО: Едниот од браќата осомничени за убиството во Арачиново е во притвор, другиот е во бегство

Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи

А1он

Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е маж од Арачиново осомничен за убиство

Горан Наумовски