Во Скопје вчера се одржал состанок на експертските работни групи на Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, објавено е на сајтот на македонското МНР.
-Во текот на состанокот, двете страни заемно се информираа за текот на реализацијата на преземените ангажмани согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Протоколите од одржаните средби на Заедничката меѓувладина комисија согласно чл. 12 од Договорот, стои во соопштението на МНР.
Се додава дека посебно внимание во разговорите било посветено на главните теми од билатералниот политички дијалог, активностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка и комуникација во функција на зацврстување на меѓусебната доверба.