Еден Македонец во Нигер побарал помош, МНР бара начин за евакуација

Од:

Еден македонски државјанин побарал помош поради влошената безведносна состојба во Нигер информира Министерството за внатрешни работи. Од МНР велат дека преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација за еден наш државјанин, кој има побарано помош. За тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер.

– Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш. Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса [email protected]. Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected], се вели во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов