Каевски: Мицкоски е анти ЕУ политичар а ДПМНЕ антизападна партија

Од:

Христијан Мицкоски не може да ги оправда неговите анти ЕУ и антизападни политики.Нема ниту еден аргумент зошто ДПМНЕ го блокира европскиот пат на земјата и членство во ЕУ. Ова е најголема потврда на фактот дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија вели портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– ДПМНЕ нема поддржано ниту една одлука за евро-атланските интеграции на земјава. Сосема спротивно, правеше сè за ја блокира европската иднина на земјата. Под заложништво на проруската Левница организира протести против европскиот предлог, хистерично ширеа лаги за бугаризација и асимилација. Лажно тврдеа дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик. Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО. Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција, рече Каевски на прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски