Законот за амнестија за убијците во Монструм и други криминалци нема да помине ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира, а при ставено европско знаменце напушта парламент велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира убијците од Монструм, криминалци кои извршиле тешки кражби, кои переле пари, кои правеле измами да бидат амнестирани. Власта прави договор со мафијата за да и одработи пред избори. СДС и ДУИ сакаат на улица да пуштат стотина криминалци со дебели криминални досиеаја, по принципот како тоа што го направија пред 5 години. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дерогирање на правото и ќе направиме се да се спречи своеволието на власта, се вели во соопштението од партијата.