Србин шверцувал осум мигранти од Сирија

Од:

Полициска патрола денеска кај бензинска пумпа на автопат А1, го уапсила А.Д.(32) од Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти”.

„Откако претходно на наплатна станица „Смоквица“ со своето патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање, од страна на полициските службеници тој бил затекнат при истовар на осум лица мигранти од Сирија. А.Д. е приведен во полициска станица и известен е Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје. Мигрантите се пренесени во прифатно-транзитен центар и по комплетно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски