Република Македонија и како да се одглави евроинтегративниoт статус на нашата земја, наметнат од блокадите на Грција, ќе биде една од темите за која утре во Брисел ќе разговараат претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо и грчкиот премиер, Андонис Самарас, јавува дописникот на МИА од европската престолнина.
На точно еден месец до лиферувањето на новиот прогрес-извештај на Комисијата за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, кој според сите најави се очекува да содржи нова позитивна препорака за почеток на пристапните преговори со Унијата, Самарас доаѓа на средба со првиот човек на неформаланта влада на ЕУ.
Според портпаролката на Барозо, Пиа Аренкилде-Хансен, главна тема на разговорот Барозо-Самарас се очекува да биде идното шестмесечно грчко претседателство со Унијата, кое започнува на 1 јануари 2014 година. Иако гласноговорничката на претседателот на Комисијата одби директно да одговори дали и Македонија е на масата на утрешниот состанок, високи извори од Комисијата, кои инсистираат на анонимност, потврдуваат дека тоа е всушност една од главните точки.