Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

Од:

Фудбалскиот клуб Челзи договори нова соработка со компанијата „Инфинит Атлет“, која ќе стане нов насловен спонзор на лондонскиот гигант.

Логото на оваа компанија ќе стои на предната страна на дресот на Челзи.

Според англиските медиуми, „Сините“ ќе инкасираат 40 милиони фунти по сезона, плус одредени бонуси.

Својот нов спонзор Челзи ќе го претстави веќе против Фулам, а треба да се напомене дека со овој потпис Челзи стигна до врвот во Премиер лигата кога се во прашање висината на спонзорските договори.

Приближна бројка заработуваат Арсенал и Тотенхем, додека Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул заработуваат од 50 до 70 милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Челзи го претстави новото засилување

Предраг Петровиќ