(ВИДЕО) Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија

Од:

Денеска ќе презентираме нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар. Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница, изјави денеска Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој јавно праша дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија.

– Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано. Дополнително АХВ прибегнува кон крајно опасна стратегија за народот, а тоа е криење на податоци и неизвестување на јавноста ако се пронајде храна која може да биде опасна по човековото здравје.

Имено АХВ не ја информираше навреме јавноста дека постои потенцијална опасност од увезено и домашно млеко, туку откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени, од АХВ глумат дека работат на случајот. Уште повеќе сме загрижени поради фактот што АХВ не покажа документ дека пратките се вратени или уништени, што создава сожнеж дека тоа млеко е завршено низ Македонија, наместо да се врати во државата на извоз или да се соодветно уништи. Апелирам на Бабовски кој веќе трет ден е на службено патување, наместо да шета на државен трошок, веднаш да се врсти и да си поднесе оставка за сите хаварии кои што ги направи откако директорува со АХВ. Со оваа власт животот на граѓаните постојано се загрозува, едно од криминал, а друго од неодговорното работење. Потребни се промени, а тогаш ќе има одговорност за несовесното работење во АХВ и во МЗШВ – рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски

Трипуновски: Пумпната станица „Таор“ во катастрофална состојба, приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството