Труењето со таблети – тренд во Полошко

Од:

Невозвратената љубов, семејните и финансиските проблеми го зголемија бројот на обиди за самоубиства во Полошкиот регион.

Од почетокот на годинава, на гостиварското подрачје 11 лица посегнале по својот живот, што е речиси трипати повеќе во однос на лани.

slika2

„Регистрирани се 11 обиди за самобиство, од кои 10 труења со разновидни таблети, најмногу антидепресиви и едно сечење вени“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Само изминатата недела три гостиварки на различна возраст биле однесени на Ургентното одделение, откако испиле поголема количина антидепресиви.

Состојбата е слична и во Тетово. Таму, покрај таблети, поединци посегнувале и по токсични средства за домашна хигиена.

„Во овој период во Полог регистрирани се и 15 самоубиства, претежно со бесење, две со употреба на огнено оружје и едно со давење.Од нив, пет се на гостиварското подрачје. Лани за цела година вкупниот број самоубиства во Полог изнесуваше девет”, информира полицијата.
Според статистиката, најголемиот број од самоубиените годинава се машки лица постари од 25 години, а кон труење со апчиња најчесто посегнувале жени и девојки во моменти на растројство или депресија.

Г.М.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии