Маричиќ ги демантира обвинувањата од пратеничката Дафина Стојаноска

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ попладнево демантираше дека на пратеничката Дафина Стојаноска и испратил вербална или гестикулативна порака на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

– Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа. Дефина Стојаноска денеска им нанесе срам на сите пратеници, на цел Парламент и пред сѐ на нејзината партија. Сепак, најголемиот срам си го нанесе себеси. Македонските граѓани заслужуваат достојно однесување од своите избраници, а не срамни потези за евтини и партиски манипулации, напиша Маричиќ на „Фејсбук“.

Достојноста на македонскиот Парламент, како што стои во статусот на „Фејсбук“ е многу поважна од личните и партиски интереси на Дафина Стојаноска и од нервозата и безидејноста која владее во нејзиниот табор.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: СДСМ ќе биде силна партија во Собранието, а кој ќе биде власт и кој опозиција, ќе одлучат граѓаните

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

Стојаноска: Неправдата на уставобранителите нека биде една од причините, заради кои треба да се казни актуелната власт

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа веќе да не функционираме како до сега

(ВИДЕО) Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај