Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

Од:

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС ја оценува одлуката на Државна лотарија за капитално учество во основањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа на интернет за упад во досегашниот систем на игри на среќа.

Клучната дилема е дали е ова вовед во ставањето клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали државата сака да остави 10 илјади луѓе без работа за да остварува буџетски приходи преку онлајн игри на среќа? Зошто упорно се игнорира мислењето на АПИС и АСОМ? Дали студијата која е направена укажува дека интернет игрите на среќа заради полесната достапност се потенцијално поголем ризик за младината?

Целокупниот процес е нетранспарентен и со месеци се криел од јавноста. Може само да претпоставуваме кои се мотивите за вака погрешен пристап. Не слушнавме ниту еден издржан аргумент зошто на државата под овие услови и се потребни три нови компании кои ќе организираат игри на среќа на интернет. Отворено се сомневаме дека условите кои треба да се исполнат се креирани така да однапред се знае кој ќе бидат партнерите на Државна лотарија. Скандалозно е да не се почитуваат реализираните инвестиции на актуелните приредувачи на игри на среќа, кои и во овој случај се дискриминирани, иако на дел од нив капиталот им доаѓа од земји членки на ЕУ. Уште пострашно е што ќе се дозволи на компанија која нема ниту еден вработен да приредува игри на среќа, што е надвор од економската логика и спротивно на високите стандарди во индустријата.

Ја повикуваме Владата и Државната лотарија да ја преиспитаат одлуката за организирање игри на среќа преку интернет. Без јавна расправа, без да се чуе мислењето на експертската јавност, секое продолжување на постапката ќе биде штетен преседан со сериозни последици. Актуелните приредувачи на игри на среќа како најголем работодавец во земјата имаат право да бараат нивниот глас да се слуша. Нема да дозволиме заради нечии лични бизнис апетити да се разградува постоечкиот систем на игри на среќа, кој е еден од најстрого регулираните во регионот и пошироко.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа?

АПИС со соопштение за најавите на Министерството за финансии за одземање на две лиценци за приредување игри на среќа

Предраг Петровиќ

АПИС: Признание за сите пратеници кои одбранија 10 илјади работни места

АПИС до пратениците: Не се станува ЕУ член со селективно почитување на европските стандарди

АПИС: Албанија ги врати игрите на среќа, Македонија сака да ги врати игрите на црно

A1on

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески