Во пакистанскиот град Хуб во провинцијата Белуџистан беше извршен напад врз 20 камиони-цистерни што превезувале гориво за единици на НАТО во Авганистан.
Возачите кои превезувале гориво запреле во градот Хуб за да направат пауза по што околу десетина напаѓачи со тешко оружје и проектилил извршиле напади врз цистерните при што изгореле сите 20 камиони за пренесување гориво.
Поради пожар, сообраќајницата Карачи-Квета е затворена, јавуваат локалните медиуми.