(ВИДЕО) Стоилковски: Дали владата со потпис на Артан Груби ја става Македонија во партнерство со бугарската мафија?

Од:

Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија?По низа толкувања и заобиколувања на законите, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање! Тоа е овој документ со потпис на Артан Груби. И тоа не за една, туку за три нови онлајн коцкарници, во партнерство со државната лотарија – односно со државата, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Државната лотарија, пак, овој септември распишува оглас во којшто речиси е направен фоторобот на идниот партнер на ДУИ и СДС, и којшто во никој случај не може да биде домашна фирма. И оттука прашуваме: дали фирмата којашто партнерски ќе работи со владата во Македонија е онлајн коцкарницата 8888.бг, од Бугарија?
Дали оваа фирма не е позната како фирма на бугарското подземје, на групацијата на познатиот Васил Бошков, т.н. Черепот, познат на законот во Бугарија, којшто живее во Дубаи? Зошто се поставени услови кои што ги исклучуваат домашните фирми? И зошто владата дава лиценца на дури 15 години! Додека владата лаже дека е против коцкање и обложување, додека државата тоне во сиромаштија, ДУИ и СДС повторно влетуваат во партнерство со мафијата, овој пат поврзано токму со коцкарници – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски