Рано во неделата околу 2.45 часот во селото Бањска во северно Косово, четворица Срби беа убиени од косовската полиција. Три тела се пронајдени истиот ден, а четвртиот ден подоцна. До престрелката дојде откако претходно групата во која беа уби припадник на косовската полиција, а друг рани.
Игор Миленковиќ (50) работел како возач на брза помош во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица.
Стефан Недељковиќ бил од Звечан и имал 31 година.
Третиот е Бојан Мијаиловиќ.
Според последните информации, еден од ранетите Срби кои беа оперирани во Приштина е во стабилна состојба, соопшти Универзитетскиот клинички центар.