Бугарската тајна служба направи голем превид со тоа што архимандритот Васијан и неговите двајца службеници на Руската црква не биле протерани уште многу порано, а воедно немањето проактивност кај нашите служби е евидентно бидејќи не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби, вели во интервју за бугарската телевизија Нова поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков.
Според него, се додека бугарските служби не работат проактивно, националната безбедност на Бугарија ќе биде загрозена.
„Жалосно е што странските служби мораа први да го откријат случајот со тројцата службеници на руската црква во Софија кои неколку години шпионирале во корист на Русија. Ако денес веќе знаеме дека бил шпион на руските служби, тој бил шпион на руските служби 5 години. Всушност, за ова зборуваме цело време. Дека додека бугарските служби не работат на начин, на проактивен начин – националната безбедност е всушност загрозена. Северна Македонија не може да има подобри информации за руските шпиони во Бугарија од нашите служби“, рече Петков.
Петков посочи дека му е мило што на крајот овие лица биле протерани од Бугарија, но додава дека останува фактот, дека е недозволиво некој да шпионира 5 години и дури сега да биде откриен.