Францускиот клуб – Марсеј остана без главен тренер откако беше прекината понатамошната соработка со шпанскиот стратег – Марселињо Гарсија Торал.
58-годишниот стручњак го напушти тимот по само три месеци, кога во јуни пристигна како „замена“ за Игор Тудор.
Главна причина за тоа е неуспехот во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Панатинаикос, како и само две победи во воведните пет кола од францускиот шампионат „Лига 1“.
До назначувањето на нов шеф, тимот ќе го води некогаш познатиот фудбалер на овој клуб – Жан Пјер Папен.
Марсеј го очекува гостувањето на Ајакс во Амстердам во рамките на првото коло од групната фаза на Лига Европа.