O’Нил: Грција не сака решение за името

Од:

Сега е јасно дека Владата на Грција не сака спогодбено решение за таканареченото прашање за името на Република Македонија, изјави првиот преговарач во грчко-македонскиот спор, амбасадорот Робин О Нил по повод 18 годишнината од Привремената спогодба од Њујорк и неодамнешната посета на медијаторот Метју Нимиц на Атина и Скопје.

– Таа знае дека не може да го добие саканиот резултат. Нејзината цел е овој проблем да го остави нерешен до бесконечност. Тоа значи, Македонија да остане со официјалното име Поранешна Југословенска Република Македонија, и исклучена од членство во НАТО и Европската унија, подвлекува амбасадорот О Нил за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце.

За недодамнешната посеста на Нимиц британскиот дипломат со став дека медијаторот „18 години неуморно работеше посредувајќи за да се добие спогодбено решение на спорот, меѓутоа одговорот од страна на Грција на неговиот последен компромисен предлог покажа дека на патот за ставање крај на спорот му дојде крајот.“

– Грција, едноставно го искористи процесот за да добие на време-бесконечно. Доколку еден преговарачки процес не може да резултира со договор за период од 18 години, крајно време е да се признае дека тоа никогаш нема да се случи, категоричен е медијаторот О Нил.

Запрашан дали постои излез, тој оценува дека мора да се пронајде нов начин.

– Македонија отсекогаш има право да го користи името избрано од страна на својот народ. Повеќе од 20 години грчките влади се обидуваа да диктираат поинаку. Дојде време да се откажат од тоа. Грција никогаш немала право да го диктира името на Република Македонија и Владата на Македонија сега треба ова прашање директно да го упати до Обединетите нации и да побара од Генералното собрание да ја прифати Македонија како член под нејзиното уставно име. Ова не е прашање што може да влијае на меѓународната стабилност или мир што би можело да го засега Советот за безбедност, советува првиот медијатор во спорот О Нил.

Според него, Грција на кој било начин во текот на изминатите 20 години нема претрпено никакви последици од употребата од страна на Македонија на нејзиното уставно име, освен одржувањето на ова прашање отворено како вознемирувачки елемент во грчката внатрешна политика.

– Поголемиот дел од членовите на Обединетите нации веќе ја прифатиле Македонија под нејзиното уставно име. Во моментов треба да се побара тоа да го сторат и во име на самите Обединети нации. Доколку тоа се случи, изгледите за македонското членство во НАТО и ЕУ ќе бидат подобри, не полоши, вели амбасадорот Робин О’Нил.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски