Мицкоски: Сценариото на оската ДУИ – СДСМ и структури од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ нема да помине, уставни измени под бугарски диктат нема да има

Од:

При денешната посета на општина Ѓорче Петров претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за преписките со Груевски и што е позадината на тоа истакна дека сценариото на оската ДУИ – СДСМ и дел од структури на поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ нема да помине, и уставни измени под бугарски диктат нема да има.

„Па јас тоа што имав да кажам поврзано со Никола Груевски го кажав јасно и гласно и немам што повеќе на тоа да додадам, она што можам да го кажам е дека наивно е да се верува дека ова станува збор само за еден обичен криминални измени во кривичниот законик, ова е многу повеќе од тоа, ова беше едно сценарио кое што го подготвуваше оската ДУИ – СДСМ и структури, дел од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ, ова беше смислено сценарио да се најпрво обезбеди мнозинство со кое што ќе се гласаат уставните измени според бугарскиот диктат, откако видоа дека тоа нема да се случи бидејќи јасно беше гласањето од оние 44 пратеници од коалицијата, тоа се сите пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, тогаш вториот чекор во кој што инвестира власта или оската СДСМ, ДУИ и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ тоа беше да се спушти потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ тие би биле најсреќни ако тој биде некаде околу 50 пратеници бидејќи сега знаат дека сме многу блиску до мнозинство во Парламентот и на тој начин при формирањето на новата влада да се уценува ВМРО-ДПМНЕ, при формирањето на таа влада да го прифати бугарски диктат, она што можам јас да го кажам е дека ниту сега, ниту во иднина дека додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ овој бугарски диктат по цена и на тоа да ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ги брани овие позиции нема да го прифатам бугарскиот диктат и овие услови кои што ги нуди оваа оска помеѓу СДСМ-ДУИ и дел од поранешното раководство, колумнисти сега на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба на секој да му е јасно дека такво нешто ниту ќе се случи сега ниту пак во иднина“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже, вели премиерот

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај

А1он

СДСМ: Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Мицкоски уште смета дека договорот со „Бехтел и Енка“ е криминален и антидржавен, но прекинот е поштетен