(ВИДЕО) Детали од нападот со нож во Белград: Ќе ве убијам сите

Од:

Директор на познат ресторан во центарот на Белград во Кнез Михаилова, П.Г. (50) бил прободен со нож во десното рамо. Завршил на операционата маса, а со нож бил нападнат од поранешен вработен во И.Г. (33) кој веднаш бил уапсен.

Напаѓачот порано работел во овој ресторан, а според зборовите на вработената сведок на грозоморниот настан, претходниот период од директорот барал заостанати плати. Само што му пришол на сопственикот, го избодел.

„Денеска дојде во ресторанот и пријде и без да каже ништо, го избоде на П.Г.“, вели таа.

Очевидци ги опишаа деталите од тепачката. Велат дека напаѓачот викал „Сите ќе ве убијам“.

„Ранетиот веднаш се фатил за врат за да го запре крварењето. Луѓето кои седеле околу веднаш скокнале врз младиот човек кој имал нож во раката, а тој цело време викал: Ќе ве убијам сите!

Полицаец случајно се нашол таму, три пати му рекол: „Застани, полиција!“, но дури кога четврти пат му кажал и го извадил пиштолот успеал да го задржи и да го уапси“, наведуваат очевидци и наведуваат дека никој не ја повикал Итната помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 14 лица се повредени во судир на возови во тунел во Белград

Белградското обвинителство бара притвор за еден од тепачите на генералот Чаѓеновиќ

(ВИДЕО) Потресни сцени на одбележувањето на трагедијата во „Рибникар“: Луѓето чекаат во редици да им оддадат почит на убиените деца

А1он

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Почнуваат градежните работи на Националниот фудбалски стадион во Сурчин

Предраг Петровиќ

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски