Македонија денеска го одбележува 16 Септември – Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка.
На манифестацијата, што ќе се одржи во собраниската сала на Град Скопје, најавено е присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Во рамки на манифестацијата ќе бидат доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот на тема „Заштита на озонската обвивка“.
Со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации, 16 септември е прогласен за меѓународен ден за заштита на озонската обвивка.