Иванов на Петтиот регионален претседателски самит во Драч

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе учествува на Петтиот регионален претседателски самит во Драч, Република Албанија.

Според агендата, претседателот Иванов вечер ќе присуствува на свечената вечера која за учесниците на Самитот ја приредува домаќинот, албанскиот претседател Бујар Нишани.
На вториот ден од Самитот шефот на македонската држава ќе има свое обраќање, а предвидено е да оствари и повеќе билатерални средби.

Од Драч, претседателот Иванов ќе отпатува во Тирана каде ќе оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Република Албанија.

Шефот на македонската држава, како што информираат од неговиот Кабинет, в среда во Тирана ќе има средба со албанскиот премиер, Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on