Натпревар во лежење во Црна Гора-останаа пет учесници

Од:

На 29 ден, останаа само пет учесници на натпреварот во лежење во етно селото Брезна во Црна Гора кои се борат за победа.

Мицо Благојевиќ, еден од организаторите, рече дека натпреварувачите се чувствуваат добро и поминуваат време во дружење.

„Тоа е многу психолошки натпревар, а учесниците се интересни личности. Тие се одличен тим и некои пријателства ќе останат“, рече тој.

Тој додаде дека натпреварувањето во лежење е забавно, дека нема тешки правила и дека тоа е еден вид преродба. Натпреварувачите препорачуваат сите да легнат барем еден ден, да не мрдаат, да бидат сами и да размислуваат за животот.

Ова е 12-та година како се организира овој натпревар. Многу учесници се откажаа поради лични обврски. За награда вредна 1.000 евра моментално се борат три жени и двајца мажи.

Еден од фаворитите е момче од Крушевац. Би било апсурдно да победи, да ја земе титулата што до сега им припаѓаше на Црногорците“, низ насмевка изјави Благојевиќ. На почетокот на овој предизвик учествуваа 21 натпреварувач.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала