Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Од:

Измените на Кривичниот законик кои се однесуваат за „злоупотреба на службената положба и овластување“ почнуваат да важат од утре, една недела откако се објавени во „Службениот весник“. Но, овие измени, според адвокатите кои ги контактираше А1он, нема да сменат многу за веќе осудените лица, бидејќи нивните затворски казни се донесени по старите одредби од законот, иако излез гледаат во условниот отпуст.

„Единствено што може да се направи е да се бара условен отпуст, бидејќи со измените, би значело дека Гордана Јанкулоска на пример, која веќе е во затвор три години, ќе одлежи затворска казна повеќе од максимално предвидената со новите измени, која е од една до три години затвор“, вели за А1он адвокатот Влатко Илиевски.

Измените на Кривичниот законик нема да значат многу ниту за делата за кои е осуден и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, но и за него ќе се бара условен отпуст, за да не биде во затвор повеќе отколку што е предвидено во изменетите одредби од Кривичниот законик.

Овие одредби нема да сменат ниту за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски доколку Апелација не одлучи да му се суди повторно за предметот „Софтвери“. Неговиот адвокат Владимир Доневски за А1он вели дека се уште не анализирале што измените на Кривичниот законик ќе значат за неговиот клиент, бидејќи се фокусирани да ја добијат пресудата и да разгледаат како се практицирал Законот кога се носела одлуката.

За разлика од Рашковски, на неговиот наследник, Мухамед Зеќири пак, ќе му се суди по новите одредби од Кривичниот законик, бидејќи се уште му се суди за делото „злупотреба на службената положба и овластување“.

Со стапувањето на сила на новиот Кривичен законик, ќе се пропаѓаат многу предмети кои ги отвори некогашното СЈО, како што се „Моќник“ против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, но и „Продуцент“, предмет во кој е опфатен пратеникот и поранешен министер Љупчо Димовски. Освен нив, од кривичен прогон се спасуваат и други обвинети поранешни функционери во најмалку 14 судски процеси, затоа што додека предметот е во судење, значи дека на сите кои се на обвинителна клупа им се суди по Законот кој е во сила.

За повеќето членови кои со последното гласање во Собранието беа изменети пак, е наведено дека ќе почнат да се применуваат шест месеци по објавувањето во Службен весник.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ