Српската полиција го уапсила Л.С.(21) од Лебан поради нанесување полесни телесни повреди.
Тој е осомничен дека пред кафуле во Лебан, по кратка вербална расправија, три пати избодел 28-годишен маж во грбот, стомакот и десната нога.
Повредениот здобил полесни повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница во Лесковац.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа по надлежност на Основното јавно обвинителство во Лебан, а со кривична пријава е изведен во обвинителството.